• Мистериите на гинковата улица

МИСТЕРИИТЕ НА ГИНКОВАТА УЛИЦА

300 ден

Запознај ја зеленокосата Марта, девојчето што живее во необичната Гинкова улица и има уште понеобично хоби – да открива тајни и да разрешува мистерии.
Знаш ли и ти да ги решаваш? Сакаш ли да се пробаш себеси во овој возбудлив занает?
Придружи ѝ се на Марта и пробај да ги решиш овие мрачни, интересни и несекојдневни случаи. Ако ти се причини дека некој од нив е тежок, Марта ќе ти помогне, и тоа на еден таен начин.

Е да, и ова е многу важно: не смееш да се плашиш од темница, змии и сенки.
А сега, само храбро, напред во улицата на треперливи светилки и скришни катчиња!

ЗА АВТОРОТ

Урош Петровиќ, книжевник, претседател на МЕНСА Србија, роден е на 8 април 1967 година. Автор е на првиот роман со епска фантазија на српски јазик ,,Авен и јазопес во Земјата на Вауците“, кој самиот го илустрирал. Објавил збирка приказни за возрасни ,,Приказни од онаа страна“, потоа серијал на едукативно-забавни книги ,,Загатливи приказни“, за кои ја добил наградата Невен за популаризација на науката, како и Доситеево перо, награда што ја доделува најголемото детско жири, две години по ред. Според овие книги се работи и дел од програмата НТЦ-систем на учење, креативни работилници во основни училишта и други образовни институции. Книгата ,,Мистериите на Гинковата улица“, комбинација од логички загатки и графичка новела, ја објавил во 2008 година, а денеска ја имаме и на македонски јазик.
На листата на решавачи на најтешкиот IQ ,,X-тест“, Урош Петровиќ го зазема четвртото место во светот.

Издавач: Центар за едукација и советување
Превод и лектура: Санто Стеф-С, Скопје
Илустрации: Дејан Мандиќ

ISBN: 978-608-4772-00-2

Коментари

Нема коментари

Биди прв што ќе остави коментар за “МИСТЕРИИТЕ НА ГИНКОВАТА УЛИЦА”